ПОВЕЌЕ

    Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Британската економија го надмина нивото од пред пандемијата по силниот раст во ноември, покажуваат официјалните бројки.

    – Бруто домашниот производ порасна за 0,9 проценти во ноември 2021 година и за првпат е над нивото пред пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението на Службата за национална статистика.

    Економијата на Британија е 0,7 отсто над нивото од февруари 2020 година, додаде Службата.

    – Неверојатно е да се види како размерот на економијата во ноември се враќа на нивоата пред пандемијата, што е доказ за истрајноста и решителноста на британскиот народ, изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично