ПОВЕЌЕ

    Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Време зa читање: 2 минути

    Неизвесните ефекти од Брегзит принудија голем број странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за Брегзит во 2016 година дури 140 компании отвориле канцеларии во таа земја, а 78 минатата година целосно ги префрлиле деловните активности во таа држава.

    Во извештајот на Агенцијата се вели дека поради недостаток на одговори на многу прашања за иднината на деловните односи на Велика Британија со Европската унија расте неизвесноста во деловните кругови иако Велика Британија веќе ја напушти ЕУ.

    Според официјалните најави, Европската унија и Велика Британија би требало до крајот на годината да постигнат договор за меѓусебни односи по Брегзит.

    Агенцијата соопшти дека се водат преговори со претставници на 425 компании кои размислуваат за можноста поради Брегзит да се прошират или целосно да го преместат работењето во Холандија.

    Компаниите од Британија, но и од САД и Азија размислуваат за реструктуирање на своите европски операции поради сè уште нејасните ефекти од Брегзит.

    Извор: Tanjug

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично