ПОВЕЌЕ

    Благодарници од МБА за тројца вработени во Стопанска банка Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    И оваа година, дел од нашите вработени несебично ги делеа своите знаења и експертизи и неуморно учествуваа во активностите на Македонската банкарска асоцијација со цел унапредување на банкарскиот систем во полза на сите.

    Колегите кои оваа година добија благодарници за особен придонес за работата на асоцијацијата на членови на комисиите се:
    – Снежана Лутвиовска, член на Комисија за платен промет во земјата и странство
    – Глигор Пандиловски, Претседавач на Комисија за спречување перење пари и усогласеност со прописи и
    – Бојан Богевски, Претседавач на Комисија за заштита на лични податоци

    Им честитаме на колегите и им посакуваме уште бројни успеси и достигнувања како во деловниот, така и во приватниот живот.
    Стопанска банка АД – Скопје продолжува да биде активен член кој придонесува во работата и развојот на МБА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично