ПОВЕЌЕ

    Бизнисменот Кирил Лазаров: 100 000 стари жители повеќе и 200 000 млади луѓе помалку е предизвикот по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација

    Време зa читање: 2 минути

    Бизнисменот Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ групацијата и претседател на Македонско- Бугарската стопанска комора јавно апелира што побрзо да се излезе со економска стратегија за спречување на белата чума, нагласувајќи дека е погубно да се изгубат 200 000 жители, бројка обелоденета со пописот.

    ,,Како луѓе исправени пред Бога, сите сме исти и еднакви, без разлика на националност, вера, боја на кожа и слично. Како луѓе исправени пред државата и нејзините национални интереси и уставот и законите, воопшто не е важно колку сме Mакедонци или Aлбанци, православни или муслимани.  Ние сме демократска држава и симбол на интегрирање на различностите и токму тоа е нашата најголема сила. Најважно е колку сме, колкаво работоспособно население имаме, која е структурата во образованието, вработеноста, односно невработеноста, а со тоа и економската моќ на државата, вели Лазаров.

    Во неговиот апел тој предлага мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за нова економија прилагодена на пописната статистика.

    ,,Јавно апелирам, мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за подготовка на конечна, суштинска и сеопфатна економска стратегија и образовна платформа прилагодена врз овие структурни статистики за да ја спречиме белата чума и да се задржи во државата она што останало”, истакнува бизнисменот.

    Лазаров посочува дека е потребен нов развој и нов почеток.

    ,,Погубно е за државата и економијата губиток на скоро 200 000 луѓе.100 000 стари жители повеќе и околу 200 000 млади луѓе помалку е вистинската главоболка и огромен предизвик по националната безбедност и економската одржливост на државата”, потенцира во својот апел бизнисменот и претседател на Македонско-Бугарската стопанска комора.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично