ПОВЕЌЕ

    Бесплатните услуги на дигиталните киосци на Комерцијална банка достапни на нови локации

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бесплатните услуги што ги овозможуваат дигиталните киосци на Комерцијална банка станаа достапни и за корисниците во Прилеп и во Штип, како и во повеќе скопски населби. Мрежата на современи дигитални киосци постојано се шири и во моментот опфаќа 15 киосци на 12 локации во Скопје, Прилеп и во Штип, кои се наоѓаат во самите експозитури на банката.

    Дигиталните киосци на Комерцијална банка на корисниците им нудат привилегија бесплатно да ги плаќаат сметките од А1, ЕВН, БЕГ, Телеком и Телекабел. Секој што поседува картичка од која било банка може да ги плати сметките без провизија. Процедурата е едноставна и брза, а корисникот е воден од апликацијата која му се прикажува на екранот.

    Клиентите на Комерцијална банка имаат привилегија плус – бесплатно да испечатат извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Искористете го светот на дигиталните можности што ви ги нуди Комерцијална банка и заштедете време и пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично