Банката на Англија денес неочекувано ја намали референтната каматна стапка за половина процент за да ја поддржи економијата на земјата во борбата против коронавирусот.
Членовите на Комисијата за монетарна политика на банката гласале за намалување на референтната каматна стапка за прв пат од август 2016 година, на 0,25 проценти од 0,75 проценти, соопшти британската централна банка.
„Иако размерите на економскиот шок од коронавирусот сè уште со сигурност не може да се одредат, постои можност дека економијата во Обединетото Кралство во наредните месеци ќе претрпи материјални загуби“, соопшти Банката на Англија, објави Reuters.