ПОВЕЌЕ

    Банкарството во иднината

    Време зa читање: 2 минути

    Што мислат супервизорите за финансиската иновација и ФинТек индустријата? Јасно е дека станува збор за иновација која е веќе интегрален дел од секојдневниот живот. Сега е сосема нормално да се аплицира за кредит и веднаш да се добие одобрување за истиот. Сето тоа, може да се изврши со помош на вашиот мобилен телефон, дури и за време на возење во такси.

    Зад сцената, стојат голем број на иновативни технологии засновани на вештачка интелигенција, голема обработка и студирање на датабази, и користење на блокчејн, во согласност со регулаторните иницијативи. Овие технологии веќе го трансформираат банкарството. ФинТек има потенцијал да ги промена речиси сите деловни модели на подобро, да го намали административниот товар со кој се соочуваат банките и да го подобрат искуството на нивните клиенти.

    Сепак, користењето на иновативни технологии од страна на банките носи со себе неизбежни ризици, што треба правилно да се решат. На пример, банките можат да користат модели базирани на вештачка интелигенција, кои ќе користат алгоритми за одобрување или одбивање на кредит. Во исто време, овие модели базирани на вештачка интелигенција може да немаат доволно транспарентност, што доведува до „ефект на црна кутија.“

    Од суштинско значење е банките да ги разберат процесите зад овие иновативни модели, за да можат правилно да ги проценат ризиците. Супервизорите не треба да ја задушат иновацијата, ниту да дозволат таа да се развива неконтролирано. Тие треба да ја следат сцената, да ги идентификуваат и проценат новите ризици и потоа да се справат со нив.

    Со други зборови, без оглед на тоа дали банките користат иновативни или традиционални методи, тие треба да бидат предмет на соодветен надзор, сразмерно со нивниот индивидуален профил на ризик.

    Секако, регулираните банки не се единствените што користат финансиска иновација. Имено, небанкарски ФинТек фирми се исто така активни во оваа област. Овие фирми можат да се натпреваруваат или да се здружат со банките во разни процеси и активности. Во оваа фаза, тие не мора да бидат лиценцирани, регулирани и надгледувани како банки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично