ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: За два месеци 203.605 прегледи на Отворени финансии, транспарентноста останува наш приоритет

    Време зa читање: < 1 минутa

    За два месеца платформата Отворени финанси имала 203.605 прегледи од страна на 19 илјади корисници, кои просечно поминувале 7.07 минути, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

    Најмногу отворања, односно 92 отсто се од земјава, два отсто од САД, еден од Германија и останатите пет отсто од повеќе земји меѓу кои Србија, Австрија, Бугарија…

    -Пред околу два месеци, го отворивме Трезорот на државата на увид под будното око на јавноста. Граѓаните сега може да следат каде оди секој денар од државната каса. Транспарентноста останува наш приоритет. Покрај Open Finance, набргу ја отвораме и платформата за јавен долг, со која јавноста ќе може да го следи долгот, односно задолжувањата и раздолжувањата, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

    Според неа#ОтворениФинансии open.finance.gov.mk е највисок степен на фискална транспарентност и отчетност.

    -Фискалната транспарентност, додава, е основата во градењето на ефикасен систем на јавни финансии, врз кои пак се темелат економскиот раст и развој на секоја земја. (МИА)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично