ПОВЕЌЕ

    Американските технолошки гиганти треба да покријат дел од трошоците за изградба на европските телекомуникациски мрежи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американските технолошки гиганти треба да покријат дел од трошоците за изградба на европските телекомуникациски мрежи бидејќи голем дел од сообраќајот се должи на нив, соопштија извршните директори на Дојче Телеком, Водафон и 11 други големи европски телекоми. Меѓу нив се и Виваком, австриската А1 и норвешката Теленор.

    Повикот е во момент телеком на Стариот континент се подготвува за огромни средства во 5G мрежата и справување со се поголемиот сообраќај. Лани нвестициите беа 52,5 милијарди евра, што е рекордно во изминатите шест години.

    „Голем и се поголем дел од сообраќајот е генериран од големите технолошки платформи, кои исто така имаат корист од тоа. Сепак, ова бара продолжување и значителни инвестиции во мрежите, нагласуваат директорите. Тој модел може да е одржлив само ако и големите технолошки платформи продонесат праведно за мрежните расходи”.

    Директорите не споменуваат кои компании но извори за западни медиуми наведуваат дека станува збор најмногу за Нетфликс, ЈуТјуб (Гугл-Алфабет) и Фејсбук.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично