ПОВЕЌЕ

    Австриски Граве го купува Еуролинк осигурување на Трифун Костовски

    Време зa читање: 2 минути

    Австриски „Граве“, односно компанијата Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, доби согласност да купи 75 отсто од капиталот на „Еуролинк осигурување“, соопшти регулаторот, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

    Ваквата одлука е донесена на седница на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување што се одржа на 27 февруари, постапувајќи по барањето на австриската компанија да стекне квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување „Еуролинк“ – Скопје.

    Решението е веќе влезено во сила и со него се овозможува компанијата од Грац да стекне сопственост на акции кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75 отсто од вкупно издадените акции со право на глас во „Еуролинк“.

    Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на решението и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од пет работни дена од денот на стекнувањето на акциите, се вели во информацијата на АСО.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично