ПОВЕЌЕ

    Јелен до равојните банки: Мобилизирајте капитал за борба против климатските промени

    Време зa читање: 2 минути

    Американската министерка за финансии Џенеј Јелен во четвртокот им порача на лидерите на Светската банка и другите развојни банки да изготват конкретни планови за мобилизирање значително повеќе капитал за борбата против климатските промени и намалување на емисиите на штетни гасови.

    Американското министерство за финансии наведе во изјава дека Јелен, претставникот за климата во Белата куќа Џон Кери и лидерите на главните развојни банки разговарале за начините како да се „максимизира“ приватниот капитал за финансирање на борбата против климатските промени и да се преиспитаат интерните субвенции и пракси на банките за таа цел.

    Јелен ги поттикнала да се фокусираат на климатските прилагодувања, особено преку операции во приватниот сектор и да ги поддржат земјите во спроведувањето на амбициозните мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и заштитата на критичните екосистеми, пренесува Ројтерс.

    Американската министерка повторно ќе ја свика групата за да „разговараат за нивните конкретни планови во октомври“ на маргините на годишните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

    На состанокот учествувале организации од Групата на Светската банка, Африканската банка за развој, Азиската банка за развој, Европската банка за обнова и развој и Меѓуамериканската банка за развој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично