ПОВЕЌЕ

    ЦКБ Банка започна со исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец март

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 05.04.2021 година (понеделник), известуваат од Централна кооперативна банка АД Скопје.

    Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 05.04.2021.

    Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:

     

    –     05.04.2021 (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

    –     06.04.2021 (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично