ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво на имателите на Копроративна обврзница

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво на имателите на Копроративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра TTKO.

    Согласно Глава 6 од Правилата за котација, за оваа ценовно ценовно чувствителна информација банката извести преку Македонска берза.

    Исплатата на камата ќе се изврши на 19.09.2022 година.

    Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница-прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2022 година.

    Тргувањето со обврзниците во деновите 15 и 16 септември 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 363 и 364 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 19 и 20 септември 2022 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) со акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 19 и 20 септември 2022  година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично