ПОВЕЌЕ

    ТЕТЕКС АД за периодот јануари-септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат

    Време зa читање: 2 минути

    ТЕТЕКС АД за периодот јануари-септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

    Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 44.067 илјади ден, и истите се  резултат од редовното работење; во што се вклучени приходи од кирии,услуги и продажба на готови производи и стоки.

    За тековниот период во финансиските приходи  од 28.694 илјади ден, се евидентирани  приходите од  примени дивиденди а истиот период  минатата година се  бележат  приходи од 66.513 илјади денари од примени дивиденди.

    Вкупни расходи: Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 48.714 илјади денари и во споредба со истиот период во 2022 година, кога изнесувале 40.388 илјади ден, бележат зголемување  за 21 %.

    Дивиденда: Во изминатиов период исплатена е бруто  дивиденда во износ од 45.559 илјади, односно 110ден. по акција.

    Инвестиции: Во периодот нема  вложувања во материјални средства. .

    Обврски по кредити: До 30.09.2022год. нема задолжувања по нови  кредити.

    Финасиски резултат: Остварената добивка  за периодот изнесува 18.267 илјади.

    Планови-очекувања: Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД ,во  постоечките  услови на работа , се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход  и позитивен резултат од работењето , согласно финансискиот план за 2022година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично