ПОВЕЌЕ

    Силно закрепнување на европската економија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Европската економија порасна најсилно во вториот квартал од летото 2020 година, потврдија во вторникот новите проценки на Евростат, како одраз на олеснување на ограничувањата за пандемијата благодарение на вакцинацијата на граѓаните против Ковид -19.

    Сезонски приспособениот БДП на Европската унија се зголеми за 1,9 проценти во периодот од април до јуни во споредба со претходните три месеци кога се намали за 0,1 проценти, пресмета Еуростат.

    БДП на еврозоната порасна за 2,0 проценти, што исто така сведочи за закрепнување во споредба со првите три месеци од оваа година кога тој падна за 0,3 проценти.

    Активностите во двете области се зголемија најсилно од третиот квартал на 2020 година, кога владите исто така ги ублажија ограничувањата по првиот бран на пандемијата. Оваа пролет, мерките беа олеснети паралелно со забрзаната вакцинација на граѓаните против Ковид -19.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично