ПОВЕЌЕ

    Руската Сбербанк наместо кредити ќе продава паметни телевизори

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемата руска банка Сбербанк, вчера најави понуда на смарт телевизори, што претставува најнов додаток на нејзиниот технолошки арсенал, откако нејзините меѓународни операции во голема мера беа компромитирани од западните санкции против Москва поради настаните во Украина. Сбербанк и досега развиваше нефинансиски бизниси, како што се е-трговија, технологија и клауд услуги, во обид да се бори против смалувањето на маржите, а, по сѐ изгледа се решени да продолжат дури и кога санкциите ги затвораат нејзините операции на други места.

    Банката принудно се откажа од речиси сите европски пазари претходно овој месец, поради големите одливи на готовина и заканите за нејзиниот персонал и имот, потег што се чинеше неизбежен откако Европската централна банка нареди затворање на нејзиниот европски огранок.

    Во партнерство со продавачот на електроника M.Video, Сбербанк започна со продажба на телевизорите, кои го користат софтверот за виртуелен помошник на банката и нудат услуги како што се онлајн стриминг и испорака на храна од нејзиниот дигитален екосистем.

    Сбербанк не открива колку пари троши на технологија, но банката претходно изјави за Ројтерс дека тоа е огромна инвестиција и дека е зголемена откако ја промени својата стратегија да се фокусира повеќе на технолошки уреди и решенија.

    Поголемиот дел од оваа руска банка е во сопственост на руската влада, а цената на акциите на Сбербанк падна откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина и западните земји воведоа до сега невидени санкции за рускиот финансиски сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично