Производителот на електрични автомобили „Тесла” се справи со проблемите со синџирот на снабдување и глобалниот недостиг на микрочипови за да забележи рекордна квартална продажба и профит, објави Би-Би-Си.
Приходите се зголемија на 13,76 милијарди долари во третиот квартал наспроти 8,77 милијарди долари една година претходно.
Компанијата, раководена од милијардерот Илон Маск, објави нето добивка од 1,6 милијарди долари и продаде 241.391 автомобил.
„Го постигнавме нашиот најдобар нето приход, оперативен профит и бруто добивка”, соопшти „Тесла”.
Компанијата соопшти дека Кина останува главен извозен центар и планира да пласира различни типови батерии во своите стандардни возила низ светот.