ПОВЕЌЕ

    Производителите на пластични кеси реагираат: 600 луѓе ќе останат на улица по владината забрана

    Време зa читање: < 1 минутa

    Забраната за употреба на пластични кеси во маркетите и продавниците влијаела катастрофално на триесетина компании кои ги произведуваат во земјава, се жалат сопствениците. Тие за ТВ21 велат дека се загрозени работните места на 600 луѓе.

    Марјан Моневски, сопственик на таква компанија, вели дека од почетокот на месецов, драстично се намалиле порачките, а со тоа и производството. производството се намалило драстично. Тој бил принуден да отпушти четворица работници како технолошки вишок и стравува дека ќе дојде до ситуација да мора да отпушти уште луѓе.

    Моневски вели дека продажбата на кесите опаднала за 50%, а со тоа и заработката.

    Според Групацијата на производители и преработувачи на пластични маси во Стопанската комора, со драстичниот пад на работата, во ризик од затворање се 30 фабрики, а на улица може да останат 600 луѓе. Тие најавуваат и протести доколку не се изнајде решение за нивните проблеми.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично