Македонска берза петта година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ (World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на Комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions – IOSCO).
По тој повод, во рамки на иницијативата, Македонска берза подготви краток едукативен стрип посветен на пазарот на капитал. Целта на овој материјал е на едноставен и интересен начин, преку практични примери, да ги запознае младите со основните поими и принципи на функционирањето на пазарот на капитал, инвестирањето во хартии од вредност и можностите достапни на компаниите за прибирање финансиски средства.
Креирањето на стрипот претставува дел од континуираните активности што Македонска берза ги спроведува заедно со другите чинители на домашниот пазар на капитал (брокери, банки, инвестициски и пензиски фондови). Целта на овие активности е да се поттикне интересот кај младите за пазарот на капитал, како потенцијални инвеститори, но и како идни професионалци во финансиската индустријата.
Стрипот можете да го преземете на следниот линк.