За да се ублажи финансискиот удар врз економијата и граѓаните, Словенечката Влада, го усогласи таканаречениот „Корона Закон”. Тоа значи дека компаниите и граѓаните ќе добијат 3 милијарди евра како финансиска помош.
Премиерот Јанез Јанша изјави дека со вакви мерки може да ги спасиме луѓето, економијата и нашите животи.
- Вработените кои нема да можат да остварат доволен приход, ќе добијат 700 евра од државата, плус придонеси.
- Студентите ќе добијат 150 евра.
- Семејствата со три деца ќе добијат 100 евра.
- Семејствата со повеќе деца ќе добија 200 евра.
- Пензионерите со пензија до 500 евра ќе добијат 300 евра помош. Тие до 600 ќе добијат 230, а тие што имаат над 700 ќе добијат 130 евра.
- Компаниите нема да плаќаат за здравствени трошоци за своите вработени туку истите ќе ги покрива Фондот за здравство.
- Владините функционери ќе добиваат за 30% помала плата.
Сите овие мерки ќе ги поддржи Европската централна банка со 1 милијарда евра.
Премиерот Јанша изјави дека нема сектор во Словенија кој нема да добие финансиска помош, вклучувајки ги и општините. Тој исто така најави втор ваков сличен закон, кој што дополнително ќе им помогне на граѓаните и економијата.