На 23.11.2021 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Петер Зелен да биде ре-именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, објави НЛБ Банка на интернет страницата на Македонска берза.
Реименуваниот член Петер Зелен ќе биде член на Управниот одбор на банката во наредните четири години почнувајќи од 03.01.2022 година.