ПОВЕЌЕ

    Охридска банка со важно известување за предвремена исплата на пензии за април 2021

    Време зa читање: 2 минути

    Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за апрл 2021 година во периодот 26.04.2021 година – 29.04.2021 година согласно Информацијата за исплата на пензии за април 2021 година на македонската влада.

    Од 26.04.2021 (понеделник), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.

    Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии и преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите преку мрежата на експозитури ќе се врши според редоследот утврден од владата:

    Датум Пензија
    26.04.2021 (понеделник) До 11 000 денари
    27.04.2021 (вторник) Од 11 001 до 14 000 денари
    28.04.2021 (среда) Од 14 001 до 18 000 денари
    29.04.2021 (четврток) Над 18 001 денари

    Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично