ПОВЕЌЕ

    Охридска банка известува за исплата на пензии за Јуни 2021

    Време зa читање: 2 минути

    Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за јуни 2021 година во периодот 29.06.2021 година – 02.07.2021 година согласно Информацијата за исплата на пензии за јуни 2021 година на македонската влада.

    Од 29.06.2021 (вторник), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.

    Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии и преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите преку мрежата на експозитури ќе се врши според редоследот утврден од владата:

    Датум Пензија
    29.06.2021 (вторник) До 11 000 денари
    30.06.2021 (среда) Од 11 001 до 14 000 денари
    01.07.2021 (четврток) Од 14 001 до 18 000 денари
    02.07.2021 (петок) Над 18 001 денари

     

    Корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред, апелираат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично