ПОВЕЌЕ

    ОВОЈПАТ ВЛОЖИ НАД 4,1 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Кој член на Управниот одбор на Алкалоид купи нови акции?

    Време зa читање: 4 минути

    Членот на Управниот одбор и директор на Финансии на Алкалоид АД Скопје, Виктор Стојчевски, кој во третиот месец од 2022 година се стекна со 500 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје, повторно го зголеми својот акционерски капитал со купување на нови 250 акции.

    Оваа информација ја сподели компанијата преку Македонска берза.

    Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата. Токму од 18ти овој месец, Алкалоид започна и со исплата на дивиденда за акционерите во компанијата од 2021 година. Можеби и очекувано, некој од инвеститорите дивидендата, или дел од дивидендата повторно да ја реинвестираат во Алкалоид, и не само што го зголемуваат својот капитал, туку можеби и гледаат можност како да го заштитат капиталот од инфлацијатата која беснее.

    Од аспект на тоа како финансиски Алкалоид го стартува првиот квартал од 2022 година, бројките говорат за следното:

    Големото АЛКАЛОИДОВО СЕМЕЈСТВО брои 2.619 вработени, од кои 2.015 се во базата во Скопје, а 604 се вработени во подружниците во странство. Во првите три месеци од 2022 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 99 нови вработувања во Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2022 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од  нето износ од 30.000 денари.

    АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 11 %, со 99 нови вработувања во земјава и со инвестиции во износ од 219 милиони денари во периодот јануари – март 2022 г.

     Приходи од продажби

    Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2022 година продажбите достигнуваат 2.696.313.187 денари, што е за 12 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3.623.625.996 денари, што е за 11 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

    Продажби според региони

    Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 9 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 12 %. Од вкупните консолидирани продажби 33 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 67 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23 %, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 9 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

    Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Германија (раст од 146 %), Полска (раст од 114 %), Романија (раст од 102 %), Бугарија (раст од 69 %), САД (раст од 51 %), Албанија (раст од 24 %), Црна Гора (раст од 15 %), Косово (раст од 11 %), БиХ (раст од 8 %), Србија (раст од 7 %) итн.

    Продажби според групи производи

    Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 89 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 24 %, препаратите ОТЦ со 20 %, кардиолошките препарати со 15 %, невролошките препарати заземаат 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 11 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3 %, козметиката со 6 %, а билкарството учествува со 2 %.

    Инвестиции

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 218.577.091 денари, што е за 22% повеќе во споредба со истиот период во 2021 година.

    Резултати од работењето

    Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 534.547.162 денари, бележи зголемување од околу 4 %, додека, единечната нето-добивка изнесува 298.147.012 денари и е зголемена за 5 %.

    Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 637.917.566 денари и бележи раст од 5 %, додека, консолидираната нето-добивка во износ од 361.453.045 денари е зголемена за 4 %.

    При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше над 1.000 домашни добавувачи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично