ПОВЕЌЕ

    Нова престижна меѓународна награда – Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2022“ од магазинот Global Finance

    Време зa читање: 3 минути

    Посветеноста на клиентите и силните финансиски резултати во услови на нестабилни економски случувања ѝ донесоа на Комерцијална банка нова престижна меѓународна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија за 2022 година“ – доделена од магазинот Global Finance.

    • Комерцијална банка по 11-ти пат е избрана за најдобра банка во земјава од Global Finance на 29-то издание на годишните награди за најдобри банки во над 150 држави во светот
    • Со ова признание од Global Finance и неодамнешната награда „Банка на годината“ од The Banker, Комерцијална банка ги освои двете највисоки признанија во банкарството за нашата земја

    Оваа награда е уште една потврда, пред сѐ, за успехот на Комерцијална банка да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, кои веќе неколку години се соочуваат со сериозни финансиски предизвици под налетот на пандемијата и актуелните инфлаторни и пазарни нарушувања. Токму овој успех ги задоволи строгите критериуми на уредниците на магазинот.

    Ни претставува особена чест и гордост што трета година по ред сме прогласени за најдобра банка во земјава од страна на угледни меѓународни магазини. Наше особено задоволство е што овие награди ја препознаваат нашата определба да нудиме одржливи финансиски решенија за поддршка на растот и за создавање позитивно влијание. Благодарност и до нашите клиенти за нивната доверба“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Банката.

    Според Global Finance, победници оваа година се банките кои внимателно ги следеле потребите на клиентите и постигнале силни резултати со кои ги поставиле темелите на идниот успех.

    „Во финансискиот свет опфатен со превирања поради руската инвазија на Украина, деловните луѓе се соочуваат со нова тура предизвици при изборот на нивните банкарски односи. Како резултат на огромните тешкотии предизвикани од пандемијата, овие промени бараат зголемено внимание врз глобалните деловни односи. Нашите награди им помагаат на носителите на одлуки при изборот на најдобрите финансиски партнери“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и уреднички директор на Global Finance.

    Магазинот Global Finance е основан во 1987 година во Њујорк и има 50.000 читатели од 193 земји, а особено е профилиран во корпоративниот и финансискиот свет. Вообичаено избира најдобри банки и останати финансиски институции, а доделените награди се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

    Остварените резултати на банките ги оценуваат извршни финансиски директори, банкари, банкарски консултанти и аналитичари од целиот свет. Клучни објективни критериуми за оценување се раст на актива, профитабилност, географски опсег, стратешки односи, нов бизнис развој и иновации во производи. Субјективните критериуми ги вклучуваат мислењата на аналитичарите на капитал и кредитен рејтинг, банкарските консултанти и на останати експерти од финансиската индустрија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично