ПОВЕЌЕ

    Македонија е меѓу 15-те земји со најмал ризик за перење пари

    Време зa читање: 2 минути

    Зајакнувањето на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Северна Македонија е целта на регионалната конференција на која денеска учествуваат Управите за финансиско разузнавање на Западен Балкан, како и претставници на владини и финансиски институции во Скопје, на тема „Организиран криминал, перење на пари и финансирање на тероризам: тенденции, предизвици и добри практики”.

    При отворањето на настанот, вицепремиерот на РСМ, Љупчо Николовски истакна дека од август годинава, со усвојување на Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам (2021– 2024), ќе се подобри динамиката на системот против перење пари и финансирање на тероризам, финансиските истраги и конфискација на имот.

    Според него, трошоците за криминал и ваквите незаконски дејствија одат на штета на јавниот буџет а му штетат и на квалитетот на животот на граѓаните и директно влијаат на квалитетот на јавните услуги. Тој, исто така, нагласи дека најголемата новина во однос на новото законско решение е тоа што овозможува испитување на потеклото на имотот не само кај носителите на јавни функции, туку и кај сите граѓани.

    „Сме биле сведоци на незаконско збогатување на сметка на државниот буџет, од луѓе кои не се носители на јавни функции, никој не може да создаде личен капитал на сметка на државата”, изјави Николовски.

    Додека пак, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски изјави дека криминалците и криминалните групи не знаат за граници и затоа ваквите состаноци се важни, каде што најповиканите заборба против перење пари и финансирање на тероризам имаат можност да разменуваат искуства и може
    да одговорат на новите форми на криминалните групи, користејќи ја најновата технологија. Перењето пари и финансирањето тероризам причинуваат економски и социјални последици, распнувајќи ја економијата на земјата, како и нејзината безбедност.

    Ковачевски, исто така, ги истакна мерките што се спроведуваат, наведувајќи го високиот ризик поврзан со виртуелните фондови како што се криптовалутите. Благодарение на системските напори и активности, РСМ е меѓу 15-те земји со најмал ризик за перење пари и финансирање тероризам, објавено од Базелскиот институт, изјави Ковачевски.

    Продолжи со читање тука

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично