АУТОМАКЕДОНИЈА АД Скопје во првата половина од 2021 година (01.01.2021 – 30.06.2021) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 10 милиони денари, пораст од 28% во однос на 2020 година, соопшти компанијата.
Истата е резултат на оперативното работење, зголемени приходи од продажба за 33% во однос на 2020 година, највеќе како резултат на зголемена продажба на автобуси и камиони во периодот. Следствено и набавната вредност на продадени производи ја следи динамиката на приходите, додека сите останати трошоци на работењето се намалени за 12% во споредба со минатата година.
Според билансната состојба на Аутомакедонија АД Скопје во првата половина од 2021 година, компанијата спроведе оптимизирање на структурата на залихи на производи и наплата. Исто така Аутомакедонија извршила и намалување на побарувањата од купувачите што директно се ефектурира во паричниот тек – позитивен од оперативното работење во износ од 59 мил денари.
Воедно спровеле и намалување на кредитната задолженост преку враќање на краткорочни и долгорочни кредити во износ од 64 милиони денари. Намалувањето е извршено кај краткорочните обврски за кредити од 29% и кај долгорочните обврски за кредити од 21%.
Инвестиции во овој период од поголем обем не се спроведени
Дивиденда во 2021 не е исплатена со одлука на собрание од 29.06.2021