ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка започна со предвремена исплата на декемвриските пензии по следниот распоред

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка денеска ќе започне со исплата на декемвриските пензии. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од денеска и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    понеделник 27.12.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари

    вторник 28.12.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари

    среда 29.12.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари

    четврток 30.12.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

    За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично