ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка донираше над 70 пакети со храна за социјално ранливите граѓани

    Време зa читање: < 1 минутa

    По повод Светскиот ден на гладот, 16 октомври, вработените во Комерцијална банка спроведоа хуманитарна акција за собирање храна за социјално ранливите категории граѓани.

    Над 70 пакети со храна денеска беа предадени на Црвениот крст на Општина Центар, од каде ќе бидат распределени до граѓаните на кои помошта им е најпотребна.

    Со оваа традиционална иницијатива, вработените во банката уште еднаш ја потврдија важноста на солидарноста и грижата за заедницата. Секоја донација е придонес во поддршката на сограѓаните кои се соочуваат со социјални предизвици.

    Од Комерцијална банка посочуваат дека ваквите иницијативи се пример за тоа како преку конкретни дела може да се придонесе за позитивни промени во општеството.

    Банката останува посветена на активности што ја поттикнуваат хуманоста и ја зајакнуваат грижата за заедницата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично