Со решениe бр.15-22676/8 од 11ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Светозар Попов за член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИ Банка), информираат од УНИ Банка преку Македонска берза.
Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението.
Со решение бр.15-22676/9 од 11ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-ѓа Ралица Богоева за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка АД Скопје.
Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението.
Со решение бр.15-22676/10 од 11ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Јанко Караколев за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка АД Скопје.
Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението, велат од Банката.
Надзорниот одбор на УНИ Банка АД Скопје го сочинуваат:
- Светозар Попов
претседател
Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија
– Член на Управен одбор, Извршен директор и Главен директор за ризици во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.
- Ралица Богоева
Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија
– Член на Управен одбор и Извршен директор во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.
- Јанко Караколев
Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија
– Член на Управен одбор и Главен финансов директор во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија и член на Управен одбор во Прва Инвестициона Банка АД – Република Албанија.
- Константин Арнаудов
Прва Инвестициона Банка, Софија Бугарија
– Директор на Корпоративно банкарство во Прва Инвестициона Банка АД Софија – Република Бугарија.
- Николај Драгомирецки
Екобултекс АД Софија
– Управител и член на Одбор на директори во Екобултекс АД Софија – Република Бугарија.
- Дејан Кнезовиќ
Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници, Скопје
– Управувачки партнер во Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници Скопје, Република Северна Македонија