ПОВЕЌЕ

    КАКО ,,СИСТИНА” ГО НАДМУДРИ ,,ЖАН МИТРЕВ”: ,,Систина” во корона кризата профитирала 5,5 пати повеќе, ,,Жан Митрев”, 2,3 пати

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од 3,1 милион евра колку што и била добивката во 2019 година пред кризата на приватната болница Аџибадем Систина профитот и скокнал на 17,3 милиони евра. Тоа значи дека оваа болница успела во корона кризата профитот да го зголеми за 5,5 пати. На Жан Митрев Клиник, пак, добивката од 4 милиони евра во 2019 година минатата година и пораснала на 9,2 милиони евра. Иако пред кризата имала поголема добивка од Систина во корона кризата добивката и се зголемила за 2,3 пати.

    Дури и во 2020 година Жан Митрев имала двојно поголема добивка од Систина и изнесувала 8,1 милион евра. Систина во 2020 година пријавила профит од 5,8 милиони евра. Сепак, во 2021 апсолутно води Систина со речиси двојно поголема добивка од Жан Митрев.

    Во продолжение линковите од двете анализи на ,,Пари”:

    КОРОНА ПРОФИТЕРСТВО: Во „Систина” и „Жан Митрев” народот платил 110 милиони евра лани, 41 милион повеќе од 2020-та!

     

    ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ:Куп пари за Систина и Жан Митрев, ги дуплирале милионите во корона кризата!

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично