ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит донира сензорна соба во ООУ “Аврам Писевски” соба во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Денеска е ставена во употреба сензорната соба во ООУ „Аврам Писевски“ во општина Карпош, која е богата со стимулативни и асистивни содржини со кои ќе се поттикнува аудитивниот, визуелниот, физичкиот и тактилниот развој кај учениците со и без пречки во развојот или образовни потешкотии во ова училиште. 

    ИутеКредит како општествено одговорна компанија се приклучи кон целите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, и ја поддржа реализацијата на сензорната соба.

    „Со големо задоволство се вклучивме на патеката на образовна инклузија во нашата земја. Како општествено одговорна компанија вложуваме во создавање на услови за поквалитетен живот на секој поединец. И бидејќи веруваме во инклузивен свет, преку личен пример со оваа активност, се надеваме дека ќе поттикнеме вложувања во образованието и во создавање на услови за еднаква пристапност на образование на секое дете.“ – рече Јасмина Апостолоска од ИутеКредит.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично