ПОВЕЌЕ

    Индустријата ја губи работната сила: за една година 3,4% помалку работници

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Намалувањето е присутно во сите клучни сектори, при што најголем пад има во рударството и вадењето камен (-6,3 %), потоа во преработувачката индустрија (-3,4 %) и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (-0,4 %).

    Негативниот тренд продолжува и на ниво на првите два месеци од годината, каде што бројот на работници е намален за 3,5 отсто во однос на истиот лански период.

    Најизразениот пад на вработеноста е регистриран во неколку трудоинтензивни дејности. Според статистичките индекси, бројот на работници во производството на дрво и производи од дрво е намален за 15 отсто, во производството на облека за 12,5 отсто, а во кожарската индустрија за 7,2 отсто.

    Сличен тренд се забележува и во рударството, кадешто вкупниот број на работници е понизок за 6,3 отсто, проследен со намалувања во сите потсектори: вадење на јаглен и лигнит (-6,3 %); вадење на руди на метал (-6,2 %) и вадење на други руди и камен (-5,9 %). Намалување има и кај капиталните производи (-4,5 %), нетрајните производи за широка потрошувачка (-4,1 %) и интермедијарните производи (-3,0 %).

    Единственото позитивно движење е забележано во групата трајни производи за широка потрошувачка, каде што бројот на вработените е зголемен за 1,6 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично