ПОВЕЌЕ

    Измени во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво

    Време зa читање: < 1 минутa

    Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во Надзорниот одбор на компанијата.

    „Врз основа на член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност Ве известуваме за извршена промена во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Во Централниот регистар на Република Македонија извршен е упис на Петер Скварча за член на Надзорен одбор, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Извршен е упис на Претседател на Надзорен одбор, за претседател е избран постојниот член Павел Гојкович”, се вели во соопштението на Друштвото.

    Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје во моментов го сочинуваат:

    • Павел Гојкович, Претседател на Надзорен одбор;
    • Д-р Мојца Горњак, член на Надзорен одбор;
    • Петер Скварча, член на Надзорен одбор;
    • Гоце Христов, независен член на Надзорен одбор;
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично