ПОВЕЌЕ

    ГРАЃАНИТЕ И ПАРТИИТЕ СЕ ЛИЦЕМЕРНИ ОКОЛУ ЕКОЛОГИЈАТА – Иванов, потпретседател на асоцијација за управување со цврст отпад

    Време зa читање: 2 минути

    Валкани градови. Извалкана природа.

    Отпадот кај нас е ѓубре, а не бизнис.

    Лицемерие на сите страни.

    Ние граѓаните сакаме да ни е чисто, ама не сакаме да платиме за тоа.

    Политичарите пак едно зборат додека се на власт, друго во опозиција.

    Со децении немаме санитарни депонии.

    Рециклирањето е мисловна именка.

    Новиот модел на собирање на ѓубрето никако да стартува, бидејќи никој не сака да ја каже вистината.

    Таа гласи, за да ни биде чисто треба некој да го собере нашето ѓубре, а тоа чини пари.

    Отворено за реалноста, но и за иднината околу отпадот, околу нашата животна средина, зборуваме со потпретседателот на Македонската асоцијација за управување со отпад, Филип Иванов.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    Гледајте не.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично