Според податоците кои ги објави Македонскa берза за периодот 01.06 – 30.06.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.549.452.344 денари и е зголемен за 227,67 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 538.444.769 денари и е зголемено во однос на мај за 37,48 отсто кога изнесувало 391.653.595 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 478.038.439 денари и обврзници во вредност од 60.406.330 денари.
Блок трансакциите во јуни изнесувале 1.011.007.575 денари и се зголемени за 1144,77 отсто во однос на мај.
Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.411 и е намален за 7,35 отсто во однос на мај кога изнесувал 1.523.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни се на Македонски Телеком АД Скопје, следи Комерцијална банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Македонски Телеком Скопје со 388.528 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 349,49 денари.
Месечниот статистички билтен за јуни 2021 година можете да го погледнете тука.