ПОВЕЌЕ

    БОГАТА ДИВИДЕНДА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ: НЛБ Банка ќе подели 25 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка ќе подели богата дивиденда на акционерите и тоа ни помалку ни повеќе туку 25 милиони евра. Во соопштението до Македонска берза Надзорниот одбор на банката му предлага на Собранието на акционери на претстојната седница закажана за 19 ноември да ја прифати предлог одлуката. Во одлуката се предлага како дивиденда да се распредели акумулираната добивка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019-та година и 2020-та.

    1. Акумулираната добивка на НЛБ Банка за 2019 година изнесува  1.672.270.392,00 МКД и се распределува :

    – За исплата на дивиденда во износ од 503.895.990,00 МКД

    – За општ резервен фонд 1.168.374.402,00 МКД

    2. Акумулирана добивка на НЛБ Банка АД Скопје за 2020 година во износ од 1.022.311.017,00 МКД целосно ќе биде употребена за исплата на дивиденда

    Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна
    сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година и 2020 година, се исплатува
    дивиденда во бруто-износ од 1.526.207.007,00 МКД или 24,8 милиони евра.

    Износот на бруто-дивидендата по акција изнесува 1.787,00 МКД (29,06 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР);

    Последен датум на тргување со право на дивиденда е 1.12.2021 година.

    Прв датум на тргување без право на дивиденда е 2.12.2021 година. Датумот на евиденција
    според кој се определува списокот на акционери што имаат право на делот од
    добивката наменет за дивиденда е 3.12.2021 година, потврдено со Изводот на
    акционерската книга на ЦДХВ.
    Исплатата на дивиденда ќе почне на 30-от ден од одржувањето на Собранието на
    НЛБ Банка АД Скопје.Акционерите што имаат право на дивиденда ќе бидат известени за  оваа одлука со соопштение во еден од дневните весници.

    -НЛБ Банка АД Скопје има вкупно издадено 854.061 обични акции. Секој акционер има право на дивиденда соодветно на бројот на акции што ги поседува, се вели во соопштението.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично