Во скопската населба Автокоманда по се изгледа ќе треба да смислуваат нов слоган за Алкалоид. Покрај здравјето, компанијата промовира уште неколку сегменти кои произлегуваат од нивното успешно раководење со финансиите, нивната грижа за општествено одговорни кампањи и искажувањето на висок степен на емпатија, како и дополнителната вредност од поседувањето нивни хартии од вредност. Алкалоид низ изминатите години докажа дека долгорочните планови акцентирани на развој на нови производи и модерна технологија, инвестирањето во човечки капитал и развој на продажбата на странски пазари е добитна комбинација за успешна корпоративна приказна. Ако на сето тоа се надоврзе и перцепцијата на инвеститорите за една од најликвидните акции и можностите за развој на индустријата во која што делуваат, може да се каже дека правилно го истрасирале патот кон успехот.
Трендот кој го наметнува Алкалоид во сите области од делувањето дава јасна слика за визијата на компанијата и пред менаџментот се надзира познатата изрека “With great power comes great responsibility” позната како “Peter Parker principle” од познатиот стрип за Спајдермен.
Одговорното работење кон вработените и инеститорите го препознаа и македонските граѓани. Во последната анкета на Vrabotuvanje.com меѓу понудените најголеми македонски компании дури 41 процент од испитаниците се изјасниле дека сакаат да работат во фармацетската компанија. Одговор на анкетата дале 1.468 испитаници, од нив 601 го избрале Алкалоид како компанија во која сакаат да се вработат.
Како една од главните причини поради кои би го избрале Алкалоид според коментарите на анкетираните е бидејќи во време на криза се грижи за своите вработени, навремено се исплаќаат платите, компанијата ги мотивира вработените…
Останатите одговори и коментари може да ги погледнете на ЛИНКОТ.