ПОВЕЌЕ

    Амазон го одложи враќањето на вработените во канцелариите до 2022 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Технолошкиот гигант „Амазон“ го одложи враќањето на вработените во канцеларии до почетокот на следната година поради наглиот пораст на бројот на заразени со делта сојот на коронавирус.

    Првично беше планирано вработените во овој гигант за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, соопштија од „Амазон“.

    Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларијата, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани, додаваат од компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично