ПОВЕЌЕ

    Фудбалскиот клуб Барселона издава своја криптовалута?

    Време зa читање: 2 минути

    Навивачите на ФК Барселона ќе се запознаат со начинот на функционирање на криптовалутите, односно блокчејн технологијата.

    Барса, како еден од најпопуларните светски фудбалски клубови, планира да издаде дигитални токени за употреба на платформа за своите навивачи.

    Токените на тој начин ќе им овозможат на нивните сопственици да гласаат за различни одлуки поврзани со тимот, како што е на пример музиката што ќе се пушта на стадионот кога тимот ќе постигне гол и слично. Идејата е да им се овозможи на навивачите ширум светот да учествуваат во важни и помалку важни клупски одлуки, односно да им се даде признание и важност пред сé.

    За да ги добијат валутите, фановите можат да ја преземат апликацијата Socios.com, да ги купат оригиналните монети познати како Chiliz, а потоа да ги искористат за купување на токени од Барселона.

    На навивачите ќе им бидат понудени 40 милиони монети од по 2 евра, а најголем дел од приходите ќе одат во клубот, изјави Александар Дрејфус, извршен директор на Socios.com. „Чилиз“ токените се тргуваат на неколку крипто-берзи и може да се чуваат во дигитален паричник.

    Инаку, ова не е новина. Откако изминатиот декември беа претставени навивачките токени на клубот, се регистрираа околу 110.000 корисници, купувајќи во просек монети вредни 20 долари.

    „Нашата цел не се навивачите кои редовно присуствуваат на натпреварите. Идејата е да се привлечат 99,9% од луѓето кои не се на стадионот” – изјави Дрејфус.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично