ПОВЕЌЕ

    Финале на ЕХФ Европскиот Куп: РК Алкалоид вечерва против АЕК Атина за историски трофеј

    Време зa читање: 2 минути

    Дојде денот „Д“ за македонскиот ракометен клуб Алкалоид! Вечерва со почеток од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одигра финалниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, каде што нашиот тим ќе се соочи со АЕК Атина во обид да го освои првиот европски трофеј во својата историја.

    Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на МРТВ 1, со специјално отворено студио кое започнува во 20:00 часот, со вклучувања од теренот, изјави и анализи пред почетокот на мечот.

    Од РК Алкалоид информираат дека вратите на салата ќе бидат отворени од 18:45 часот, а ќе се затворат точно во 20:00 часот. Организаторите апелираат до сите посетители да пристигнат навремено, со цел да се избегне метеж при влезот и да се овозможи непречен почеток на натпреварот.

    „Се гледаме во сала! Заедно да го бодриме нашиот тим коректно и достоинствено, да уживаме во ракометниот празник и да навиваме за РК Алкалоид,“ – стои во обраќањето на клубот.

    Ова е историски момент за Алкалоид, тим кој за краток временски период се наметна како сериозен играч на европската сцена. Победа вечерва би значела нова страница во македонскиот ракомет и огромна мотивација за идни генерации млади спортисти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично