ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 23 октомври 2023

      Време зa читање: < 1 минутa

      Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 23 октомври (понеделник) 2023 година заради празнување на Денот на македонската револуционерна борба.

      Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

      За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично