Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 12.11.2022 година Филијала Охрид нема да работи во сабота поради реновирање на просторот во филијалата. Работното време на Филијалата од понеделник до петок останува непроменето.
Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, како и преку широката мрежа на банкомати на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.