ПОВЕЌЕ

    Филип Морис Интернешнал осма година по ред меѓу најдобрите работодавачи

    Време зa читање: 3 минути

    Компанијата Филип Морис Интернешнал (ФМИ) се најде меѓу најдобрите работодавачи, на глобално ниво, осма година по ред. Сертификацијата е дополнително признание за извонредноста на ФМИ во спроведувањето практики за вработените, зацврстувајќи ја компанијата меѓу избраните работодавачи, кои се фокусирани на задоволување на потребите на глобално разновидна работна сила.

    Ова признание е резултат на независна проценка на Top Employers Институтот, кој осма година едноподруго ја препозна компанијата Филип Морис Интернешнал како врвен глобален работодавач. Филијалите на ФМИ се исто така препознаени меѓу најдобрите работодавачи во 31 земја низ Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија/Пацификот.

    Програмата на Top Employers институтот ги сертифицира организациите врз основа на резултатите од нивната анкета за најдобри практики за човечки ресурси. Оваа анкета опфаќа шест домени на човечки ресурси, кои се состојат од 20 теми, вклучувајќи стратегија за луѓе, работна средина, учење, различност и вклучување, благосостојба и многу повеќе.

    Извршниот директор на Top Employers институтот, Дејвид Плинк вели: „Исклучителните времиња го откриваат најдоброто кај луѓето и организациите. Сведоци сме на тоа, во нашата програма за сертификација на врвните работодавачи оваа година: исклучителни резултати од сертифицираните Top Employers 2024. И меѓу оваа заедница на извонредни компании, ФМИ ја докажа својата посветеност кон своите вработени на глобално ниво. Оваа доследност во практиките со луѓето ширум светот ја карактеризира ексклузивната група компании, кои постигнаа глобална сертификација преку Програмата за најдобри работодавачи. Горди сме што ги објавуваме и славиме овие компании и нивното достигнување во 2024 година“.

    „Да се биде прогласен за најдобар глобален работодавач осма година по ред е огромно достигнување на кое сите мои колеги можат да бидат исклучително горди“, изјави Фред Патитучи, главен директор за луѓе и култура во ФМИ, компанија која на глобално ниво вработува повеќе од 79.000 луѓе ширум светот.

    „ФМИ повеќе не е само компанија која поминува низ трансформација, туку сме трансформирани. Но, патувањето се уште не е завршено, бидејќи продолжуваме да ја подигнуваме компанијата на нови височини во нашите напори за иднина без чад. Претворањето на нашата храбра визија во реалност може да биде возможно само со трудот и посветеноста на нашите вработени, и сакам да им се заблагодарам на сите кои се вклучени; ова е и продолжува да биде тимски напор!“

    Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата Филип Морис Интернешнал ја потврдува својата посветеност на мисијата – иднина без чад од тутун и продолжува да ја води трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети. Бројот на пушачи, во многу земји кои интензивно ја спроведуваат стратегијата за намалување на штети, е значително намален со користење на алтернативни производи без чад, како што се уредите за загревање на тутунот. Компанијата ФМИ, како светски лидер за овој вид производи, продолжува да придонесува со овие позитивни промени, како на светскиот така и на македонскиот пазар. На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на повеќе од 82 пазари. Денес, преку 27,4 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 72% целосно се откажале од пушењето, или повеќе од 19,7 милиони.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично