
Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Карпош, на којшто истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека ќе завршат старите практикии кои биле штетни за карпошани, потенцирајќи дека време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.
„Знаеме колку паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку криминални ДУП-ови видовме”, вели Лукровски и додаде:
„Овие избори се референдумски за нас карпошани. На овие избори, карпошани мора да се решат дали ќе стават крај на досегашните практики и ќе избереме луѓе со визија, со нов концепт, а се за подобро на нашите деца”.
Лукровски ги повика граѓаните во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за историска победа и развој на општина Карпош.
Аналитика








