ПОВЕЌЕ

    Рударството во 2026 : Бучим најавува милионски инвестиции во одржливост

    Време зa читање: 2 минути

    Во ера на глобална енергетска транзиција, бакарот станува критичен ресурс за иднината, а македонското рударство влегува во нова фаза на технолошка зрелост и модернизација. Ова ќе биде клучната порака на презентацијата на Ивица Карапетров, заменик генерален директор на рудникот Бучим, на претстојниот The Economist MeetUp.

    Под мотото „Светот во 2026“, Карапетров ќе објасни зошто спојувањето на Боров Дол и Бучим не е само административен потег, туку стратешка трансформација кон поголема ефикасност и корпоративна дисциплина.

    Одржливоста како бизнис модел

    За Бучим, иднината не е во екстракција по секоја цена. „Одржливото рударење не е документ, тоа е идеологија на водење бизнис,“ истакнува Карапетров. Тој најавува дека фокусот во 2026 ќе биде ставен на рационално користење на ресурсите со минимален импакт врз околината, свесни за наследството што се остава на идните генерации. 2026та ќе биде година на инвестиции во технологија и екологија, а токму на конференцијата ќе бидат презентирани конкретните инвестициски планови за наредниот период.

    Битка за кадар преку дуално образование

    Свесни за предизвикот со квалификуваната работна сила, Бучим не чека пасивно. Компанијата активно инвестира во дуални програми и стипендии за геологија и рударство, со цел да создаде нов генерациски циклус на професионалци кои ќе ја развиваат индустријата дома.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично