ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Пуштен во употреба експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

      Време зa читање: 2 минути

      Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената церемонија за официјалното пуштање на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, им се заблагодари на работниците кои деноноќно работеа на изградбата на делницата од 25,4 километри. Тој ги пофали и вработените во Јавното претпријатие за државни патишта, како и директорот Коце Трајановски за редовното известување за напредокот на проектот.

      „Во јули немаше ниту сантиметар асфалт, а денеска гледаме целосно завршена делница. Овој пат е за граѓаните и ќе остане за граѓаните. Аирлија нека е!“ рече премиерот.

      Проектот, чија изградба започна во 2018 година, е дел од Коридорот 8 и вклучува инвестиција од 93,7 милиони евра, финансирани од Светска банка и грант средства.

      Политички реакции

      Поранешниот министер за транспорт, Благој Бочварски, нагласи дека проектот е започнат од СДСМ и до средината на 2024 година бил реализиран над 90%. „Ова е стратешки проект кој ќе го унапреди североисточниот регион и ќе придонесе за економски раст“, истакна тој, обвинувајќи дека блокадите на ВМРО-ДПМНЕ го одложиле завршувањето.

      Мицкоски возврати дека СДСМ се обидува да прибере политички поени, истакнувајќи дека „овој пат не е на ниту една партија, туку на граѓаните“.

      Детали за изградбата

      Експресниот пат се градеше во две фази:

      • Лот 1 (Длабочица – Страцин, 15,55 км): Инвестиција од 43,75 милиони евра.
      • Лот 2 (Крива Паланка – Длабочица, 10 км): Инвестиција од 50,54 милиони евра.

      Првичниот изведувач „Tirrena Scavi“ беше заменет со „Страбаг“ поради слаб напредок, додека делницата Крива Паланка – Длабочица ја изведуваше „Гранит“. Надзорот го вршеше „ДИВИ Македонија“.

      Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, го оцени патот како витален за поврзување со Бугарија и посака развој на индустриски капацитети во источниот дел на земјата.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично