ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка започнува со предвремена исплата на февруарските пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 27-ми февруари пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 

      • 27.02  (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
      • 28.02 (вторник) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
      • 01.03 (среда) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
      • 02.03 (четврток) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Воедно, од Банката ги потсетуваат клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично