На веб порталот МБ Монитор објавена е публикацијата на Берзата „Факти за котираните компании“.
Публикацијата содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.-31.10.2019 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало заклучно со 31.10.2019 година.
До публикацијата можете да пристапите преку комуникациската платформа на Македонската Берза, МБ Монитор, или директно преку следниот ЛИНК.