Во петокот во Загреб се одржа јубилејното десетто издание на SoMo Borac – настан на кој се наградуваат најдобрите дигитални дела во регионот.
Годинешното издание собра рекордни 221 апликација за награди во различни категории. На доделувањето на наградите присуствуваше и македонската агенција Пиксел која беше една од победничките во категоријата „Storytelling“ (раскажување приказни) со проектот креиран за потребите на кампањата на трите пензиски друштва наречен „Засади желба“ што беше всушност и прва пријава на Пиксел на еден регионален натпревар.
„Оваа година ни покажа колку брзо се развиваат дигиталните канали, а доказ за тоа е рекордниот број на апликации и не се сомневаме дека ќе продолжи да расте од година во година. Со ова им честитам на сите победници, како и на сите оние кои доставија одлични проекти; до самиот крај беше неизвесно да се избере најдоброто од најдобрите.“, рече Ружица Врдољак Личина, извршен директор на SoMo Borac.